Утрински Весник
Економија

(Видео) „Граѓаните неинформирани земаат брзи кредити и не знаат во што се впуштаат“, алармира народниот правобранител

(Видео) „Граѓаните неинформирани земаат брзи кредити и не знаат во што се впуштаат“, алармира народниот правобранител

Народниот правобранител предупреди на агресивните реклами за брзи кредити за кои рече дека покрај тоа што се без камати, за задоцнета исплата следуваат огромни трошоци.

dobivaj vesti na viber

„Тие кредити често се користат за затворање претходни кредити во истото финансиско друштво, а притоа отсуствува ефикасната контрола и надзор на нивното работење.

Нагласи дека граѓаните не се целосно информирани во што се впуштаат и кои се давачките при задоцнување со исплатата на ратите. Тој апелира до институциите да го ограничат надоместокот при доцнењето со исплатата. Поради тоа, народниот правобранител повика на измени во Законот за финансиските услуги и другите регулативи за граѓаните при враќање на кредитите да не бидат повеќекратно оштетени. Како надлежна институција за работата на овие финансиски друштва го посочи Министерството за финансии, но и Народната банка.

„Штом може онлајн да се одобри кредит ,тогаш постојат многу злоупотреби на лични податоци. Граѓаните мора да бидат информирани докрај и да знаат во што се впуштаат“, предупреди народниот правобранител, за време на денешното презентирање на годишниот извештај на институцијата.

Можете да прочитате

Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година 

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година