Утрински Весник
Спорт

ЛНБ го казни Асвел за договорите на Де Коло и Ловерњ

ЛНБ го казни Асвел за договорите на Де Коло и Ловерњ

Француската кошаркарска лига (ЛНБ) го казни Асвел од Вилербан. На овој евролигаш му се одземени две победи во националниот шампионат и дополнително ќе мора да плати казна од 100.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Причината се неправилности во договорите на Нандо де Коло и Жофри Ловерњ.

Имено, било утврдено дека двајцата дел од платата ја добивале преку „комерцијална експлоатација“, нешто што е забрането во Франција.

Вишиот суд постојано од Асвел барал да испрати документација поврзана со договорите на двајцата кошаркари, но клубот го игнорирал барањето.

Асвел се уште има право на жалба пред Апелациониот одбор на Француската кошаркарска федерација.

Де Коло и Ловерњ се под договор со клубот до сезоната 2023/24, што значи дека Асвел ќе мора да најде други начини за покривање на нивните договори.

Откако му беа одземени две победи, Асвел сега со 13 победи и девет порази се наоѓа на петтото место на табелата.

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство