Утрински Весник
Економија

Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека

Битиќи на Комисијата за јавно-приватен дијалог: Во приватниот сектор гледаме партнер за заедничко решавање на предизвиците

Македонија ќе мора да увезува работна сила. Како што истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи, во моментот државата има потреба од 9.629 работници, тие работни места мора да се пополнат бидејќи економијата не може да чека.

dobivaj vesti na viber

„Во моментот има 9.629 слободни работни места, 115.000 лица се регистрирани за невработени во агенцијата за вработување, но и покрај тоа, местата не се пополнуваат. Увозот на работна сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека, овие работни места мора да се пополнат, во спротивно ќе се затворат голем број компании“, изјави Битиќи.

Тој истакна дека ваквата ситуација е последица на однесувањето на функционерите што биле на власт од 1991 година па наваму. Додаде дека не може од него да се бара одговорност за однесувањето на некој што работел овде пред 15 или 20 години.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, пред неколку дена изјави дека секој што смета оти нашата држава нуди добри можности за живот е добредојден.

Можете да прочитате

СДММ: За младите 30.000 евра за бизнис, 2.000 евра за матуранти, 0% данок за прв стан

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се во фокусот, речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој