Утрински Весник
Спорт

МЗТ Скопје Аеродром мора да победи во Чачак ако сака да се надева на опстанок во АБА

МЗТ Скопје Аеродром мора да победи во Чачак ако сака да се надева на опстанок во АБА
300x250 (7)

Македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром вечерва (19 часот) го игра еден од решавачките натпревари за опстанок во АБА лигата. Тимот на тренерот Драган Николиќ има императив да победи на гости кај Борац Чачак, доколку сака да ги задржи шансите и следната сезона да биде дел од елитата во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Не очекува меч кој е да се биде или не за двете екипи, бидејќи кој и да загуби ќе остане со минимални шанси за опстанок во АБА лигата. Ова значи дека кошаркарите на МЗТ Скопје и на Борац во натпреварот ќе излезат максимално мотивирани да дадат сѐ од себе. Знаеме што треба да направиме за да дојдеме до посакуваната цел. Мора да одиграме подобро и со поголема енергија од дуелот со Игокеа и ако го сториме тоа, тогаш ќе може да се надеваме на успех во Чачак“, изјави тренерот Драган Николиќ.

Img 5587

МЗТ Скопје Аеродром се наоѓа на последната позиција со само четири победи и 18 порази, додека Борац Чачак има еден триумф повеќе и исто така е во незавидна ситуација на табелата.

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам