Утрински Весник
Македонија

(Видео) Снимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале бегство

(Видео) Снимка од тунелот во Идризово, полицијата со детали како осум осудени спремале бегство
Dik 300x250 mk

Полицијата објави видео од тунелот и детали за планот за бегство на затворениците осудени на високи казни.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, зад планот стоела група од најмалку 8 затвореници во „Идризово“, осудени на казни од 10 години до доживотен затвор.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски истакна дека тунелот бил во дожина од 4о метри, лоциран до објект кој се користел за одлагање на јаглен во правец на заштитната ограда позади која се наоѓа женското одделение, а во непосредна близина на зградата на затвореното одделение на затворот, на длабочина од околу 1 метар, во дијаметар од околу 80 сантиметри, соодветно обезбеден со попречни греди и тули.

Во тунелот биле пронајдени повеќе пластични корпи на кои се врзани јажиња, а со кои се извлекувала ископаната земја и електричен кабел со сијалица која им служела за осветлување на тунелот.

Министерството во координација со надлежното јавно обвинителство презема дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Балканскиот медиумски камион пристигнува во Македонија

Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, порачаа од ВРЕДИ

Познато зошто Ана Чупевска се повлече од функцијата во СДСМ