Играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт, речиси сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Неодамна се шпекулираше дека преговорите околу новиот договор не одат најдобро и дека тој е се поблиску до заминување од „Стемфорд Бриџ“.
Маунт во меѓу време го смени и менаџерот. За неговата кариера сега ќе се грижи Нил Февингс.
Најсериозен кандидат за неговиот потпис засега е Ливерпул. Јирген Клоп сака да направи целосна реконструкција во редот за врска. Маунт може да игра на сите позиции во средниот ред.
Неговиот актуелен договор со Челзи истекува во летото 2024 година, а неговата вредност се проценува на 50.000.000 фунти.