Утрински Весник
Македонија

Најкритичниот пациент со цистична фиброза доби терапија, мајката: И се смени ликот!

Најкритичниот пациент со цистична фиброза доби терапија, мајката: И се смени ликот!

Маријана Анастасовска, 41-годишната пациентката која е најтешкиот случај со цистична фиброза во Македонија, ја прими првата доза од скапиот лек „Трикафта“. Нејзината мајка Гордана, за „Макфакс“ раскажува дека резултатите се забележителни уште по првата доза. Маријана се бореше за здив во последните три години, од кога и состојбата ѝ е енормно влошена.

dobivaj vesti na viber

„Од првиот ден може да се забележи дека лекот дава позитивни резултати и состојбата ѝ е подобрена“, вели за „Макфакс“, Гордана Анастасовска, мајка на Гордана.

Таа е среќна е што конечно нејзината ќерка го добива лекот.

„Не мора да значи дека кај секого ќе има веднаш подобрување, кај Маријана благодарам на Бога, делува одлично, барем колку што може да се забележи од првите впечатоци , можеби и затоа што беше премногу болна. Сите дишни патишта и беа затворени, сега почна и да зборува појасно. Од првиот ден може да се види дека ѝ е сменет ликот“, додава мајката за „Макфакс“.

Маријана е една од осумте пациенти за кои е набавен лекот „Трикафта“. Таа седум години е врзана за боцата со кислород, без која не може да живее. Стотина пациенти чекаат да бидат истретирани со следната набавка.

Пациентите по добиената терапија не се обврзани да останат в болница, но поради сериозноста на состојбата на Маријана, таа до петок ќе биде надгледувана од тимот лекари на детската клиника во Козле. Мајката на Маријана додава дека според мислењето на лекарскиот тим, кај сите пациенти на кои е даден лекот, веќе имало подобрување за 10-15 отсто.

По сите потребни наоди и доставени мислења од релевантни лекари специјалисти, создадени се услови за примање на лекот. Се работи за годишна терапија, односно еднаш месечно се дава таблетарна терапија.

Можете да прочитате

Утре Ден на жалост на територијата на Општина Охрид по повод смртта на владиката Тимотеј

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома