Утрински Весник
Свет

Порака до градоначалникот на Милано, да престане да ги регистрира децата од истополовите парови

Порака до градоначалникот на Милано,  да престане да ги регистрира децата од истополовите парови

Десничарската влада на Италија му порачува на градскиот совет на Милано да престане да ги регистрира децата од истополови родители.

dobivaj vesti na viber

Италија ги легализираше истополовите граѓански заедници во 2016 година, надминувајќи го противењето на католичките и конзервативните групи, но не им даде право да посвојуваат, плашејќи се дека тоа ќе поттикне сурогат бременост, кои сè уште се нелегални, пишува „Euractive“.

Во отсуство на јасна легислатива за ова прашање, некои судови пресудиле во корист на дозволување на истополовите парови да посвојуваат деца, а градоначалниците на некои градови, вклучително и Милано, регистрирале сурогат раѓања за истополови двојки.

Градоначалникот на Милано Џузепе Сала изјави дека добил писмо од Министерството за внатрешни работи во кое му се вели да престане да ги регистрира децата на истополовите парови.

Тој во вторникот рече дека ќе се придржува до наредбата на префектурата, но ќе продолжи да се бори политички за да обезбеди признавање на правата на истополовите родители и нивните деца.

„Забраната е една од најконкретните манифестации на гневот на десничарското мнозинство против ЛГБТИ луѓето“, рече Габриеле Пјазони, генерален секретар на најголемата италијанска група за правата на ЛГБТ заедницата.

Тој додаде дека владата се обидува да ја усогласи Италија со земји како Унгарија на премиерот Виктор Орбан, „каде што негирањето на правата е придружено со екстремно високи стапки на насилство и социјална клима на прогон против ЛГБТ луѓето“.

Водечкиот борец за правата на хомосексуалците Фабрицио Марако ги повика Сала и другите градоначалници да продолжат да со регистрација на тие лица.

„Кога законот е неправеден и дискриминаторски, оние кои се вклучени во политиката мора да имаат храброст да не го почитуваат“, рече тој во изјавата.

Комитетот за европска политика на Сенатот во вторникот, ја отфрли предложената регулатива на ЕУ за признавање на правата на децата, вклучително и правата на истополовите двојки и усвојување на европски сертификат за признавање на родителството.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење