Утрински Весник
Магазин

Том Круз ја прескокна оскаровската ноќ затоа што поранешната сопруга беше таму

Том Круз ја прескокна оскаровската ноќ затоа што поранешната сопруга беше таму
300x250 (7)

Том Круз беше отсутен од „Оскарите“.

dobivaj vesti na viber

Актерот, кој глуми и го продуцира „Топ Ган: Маверик“, има голема година зад себе, заработувајќи шест номинации за својот филм.

Ss1

Според насловите во повеќето шоу-биз медиуми, тој не присуствуваше на настанот за да избегне непријатна средба со поранешната сопруга Никол Кидман иако поминаа 20 години од нивниот болен развод.

Фактот што „Топ-ган: Маверик“ беше номиниран во шест категории, вклучувајќи ја и најпосакуваната – за најдобар филм – не беше поттик за да се појави на најважната ноќ во Холивуд.

„Том не беше на доделување на наградите бидејќи Никол беше таму и не сакаше да се судри со неа“, изјави неименуван извор за „Дејли мејл“.

Круз по секоја цена сакал да избегне непријатно налетување на поранешната. „Том не беше таму затоа што таа беше таму, а тој не сакаше да налета на неа,“ додаде изворот.

Луѓе блиски до Круз, од друга страна, тврдат дека неговото отсуство не било од лична природа, туку не се вклопувало во неговиот распоред, но не одговориле конкретно на тврдењето дека е поврзано со присуството на Кидман.

Круз и Кидман беа заедно речиси 11 години, а се разделени повеќе од две децении.

Се разделија во 2001 година, наводно затоа што таа не сакала да му се придружи во Скиентолошката црква.

Имаат две посвоени деца, Изабела и Конор Круз.

Ss1

Можете да прочитате

Со долгорочната прогноза за летото се најавува забрзано опаѓање на топлиот циклус и пристигнување на ладниот

Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата

Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината