На 20 март во 12 часот ќе се одржи поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе.
Со поетското читање ќе се одбележи Светскиот ден на поезијата, а организатори на настанот се: Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет од Свети Николе.
На манифестацијата “Билазорски видувања 2023” ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество: проф.д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, амбасадорот Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима – Скопје, господин Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и проф.д-р Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот Славјански универзитет – Свети Николе.
Инаку, се планира манифестацијата “Билазорски видувања” во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од учениците во основните и средните училишта во Републиката на тема “Билазора”.