Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните пократки за 40 милиони евра поради тоа што Ковачевски не изгради Клинички центар, и пропадна еврообврзницата

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните пократки за 40 милиони евра поради тоа што Ковачевски не изгради Клинички центар, и пропадна еврообврзницата
Ss2

40 милиони евра е сумата која државата ја чини неспособноста на владата водена од Ковачевски и Груби. 20 милиони евра се пеналите поради раскинувањето на договорот за градба на нов Клинички центар кои владата треба да ги подмири. Додека нови 18 милиони евра е загубата на Владата поради пропаднатиот обид за издавање на еврообврзница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека сега државата и народот нема нов клинички центар, и нема средства од еврообврзница, но затоа има 40 милиони евра кои треба да се исплатат поради неспособниот Ковачевски и Груби.

300x250 (7)

Додека за најголем триумф Ковачевски го смета замрзнувањето на цената на лебот кога сите други цени отидоа вртоглаво до плафон, тој ги осиромаши за дополнителни 40 милиони евра. Во нормални околности ќе имаше истрага за свесно предизвикување на штета на буџетот на граѓаните кои се ограбени.

Неспособноста и криминалот се главната одлика на владата на Ковачевски и Груби, се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Приведени двајца крадци од Србија кои „оперирале“ во Скопје

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители од 2001 кои никогаш нема да бидат заборавени