Утрински Весник
Економија

СДСМ: Деновиве одлука за ново зголемување на минимална плата над 20.000 денари

Влада: Просечната нето-плата во август се зголеми 11,3 отсто и достигна 31.871 денар

СДСМ преку парламентарното мнозинство и институциите донесе системски решение за раст на минималната плата. За само неколку години успеавме минималната плата да ја удвоиме и од 9.000 денари, денес таа изнесува 18.000 денари, при што веќе нема дискриминирани сектори кои добиваат плата по законскиот минимум како што тоа беше во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека не застануваат тука, овие денови се очекува ново зголемување на минималната плата и се очекува таа да го надмине износот од 20.000 денари. Со тоа, речиси една и пол година пред предвидениот рок, ќе го оствариме ветувањето за минимална плата од 20.000 денари, дадено пред граѓаните на парламентарните избори во 2020 година.

Растот на минималната плата ќе придонесе за зголемување на сите плати во државата, а со тоа и на просечната плата која сега изнесува над 34.000 денари. Продолжуваме посветено да работиме на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат