Утрински Весник
Македонија

Од понеделник „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Од понеделник „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Од утре, понеделник, заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром. Тимот заловувачи во текот на целата следна недела (13-17. март) ќе заловува во реоните Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, во општина Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од ЈП „Лајка“.

Оттаму информираат дека доколку граѓаните од споменатите населби сакаат да посочат на тимовите некое бездомно куче, да се јават на 02 256 5859 или 071 219 925 или можат да пријават на [email protected]

Можете да прочитате

Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО – отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби”, по член 353 од КЗ!

Ученик од Ѓорче Петров тешко повреден откако бил претепан од група малолетници

„Живи и мртви“: Стаорци и глувци кај „Буњаковец“ – на чекор од основно училиште