Утрински Весник
Македонија

Николов: Власта ништо не направи за јавното здравство за седум години

Николов: Власта ништо не направи за јавното здравство за седум години

Не е проблемот само со лекови со ретки болести, нема лекови и за некои многу чести болести. Веројатно станува збор за административно одолговлекување, на пациентите ништо не им значи кога ќе им кажете во тек е тендерска постапка. Дополнително потребно е да има брза постапка за лекови за одредени дијагнози, а тоа не е реализирано изминатите седум години не знам зошто би се реализирало за следните осум месеци, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Николов се осврна и на случајот со родилката во Струга на која непотребно и беа извадени органи, со жената во Прилеп која почина од рутински зафат киретажа и слични случаи.

Според него, проблем во здравството е што медицинскиот кадар е незадоволен и медицинските работници се повеќе заминуваат надвор.

 

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат