Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади

СДСМ: BМРО-ДПМНЕ им служи на туѓите интереси и работи против членството во ЕУ

„ВМРО-ДПМНЕ молчи за опструкциите и нивната улога во лажните дојави за поставени бомби“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Според нив, партијата со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ја попречуваат работата на институциите во спроведување на мерките со справување со дојавите за поставени бомби во училиштата.

„Со вакво неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и страв кај граѓаните. Новите протоколи се изработени од експерти и со нив се гарантира безбедноста на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставата. ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава“, додаваат од СДСМ.

Можете да прочитате

Гори бандера зад гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово – пожарникарите позајмувале ПП апарати од возила

Казнет возачот кој со возило се движеше по пешачката патека покрај Вардар

Манасиевски: Жерновски пак го вози автомобилот на „братучедот“, а богами и непрописно паркира