Шведска и понатаму е убедлив фаворит во обложувалниците и покрај тоа што нема свој претставник.
Букмејкерите се убедени дека Лорин ќе победи на шведскиот избор за песна на Евровизија и дека потоа ќе победи и на Евросонг.
Лорин се пласираше во финалето на шведскиот натпревар „Мелодифестивален“, а нејзината песна Tattoo и настапот на националниот избор беа објавени на интернет во неделата.
Се чини дека на Европа многу ѝ се допаѓа. Песната на Лорин веќе е на топ-листите во Велика Британија и Ирска, а бројот на евровизиски фанови кои се сигурни дека има нов победник расте од час во час.
Шведска е на врвот на обложувалниците со речиси двојно поголеми шанси од Украина. Над 28 проценти од обложувачите парите ги ставија на победа на Шведска.
И „Твитер“ е полн со објави за Лорин, заедно со видеото од нејзиниот настап во матичната земја.
Лорин веќе победи на Евросонг во 2012 година со песната Euphoria, која е на врвот на најпопуларните евровизиски песни во историјата.