Утрински Весник
Свет

(Видео) Двата земјотреси не можеа да ја срушат зградата, околу неа купишта бетон – таа недопрена

(Видео) Двата земјотреси не можеа да ја срушат зградата, околу неа купишта бетон – таа недопрена

Кахраманмарас, градот во јужна Турција беше еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот, на 6 февруари во раните утрински часови.

dobivaj vesti na viber

Градот се стресе двапати, првиот кога земјотресот беше со јачина од 7,8 степени и вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Тоа беше доволно голем број на висококатници буквално да се урнат како кула од карти, понесувајќи илјадници луѓе со себе во смрт.

Неколку дена по земјотресот, на Твитер се појави фотографија, а на неа се гледа зграда, која е буквално недопрена, дури ни напукната или оштетена додека околу неа има разурнувања.

Тоа беше доволно за да го привлече вниманието на Махир Улуташ, кој сподели две фотографии од зградата како стои цврсто, ниту два силни земјотреси не можеа да и направат ништо, но се околу неа беше срушено и претворено во куп бетон.

Се наметна прашањето, кому му припаѓа оваа зграда?! Набрзо следуваше одговорот:

„Зградата на фотографијата е зграда на провинцискиот претставник на Комората на градежни инженери – Кахраманмарас. Не се потребни повеќе зборови. Науката и инженерството се доволни за да се изградат објекти кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Се додека науката и технологијата се аплицираше за доброто на народот!“, напиша Улуташ на Твитер.

Инаку, таа фотографија беше и повод да се почне полемика како и зошто се урнаа зградите, а оваа остана недопрена.

Еден од твитерџиите му реплицираше на Улуташ со коментар:

„Секако дека е цврста, но најголемата причина зошто не се сруши е што има 2 ката, добро го знам Мараш, пола град беше нива на меко тло, секогаш градеа згради со 9-10 ката, но западната страна на градот има потврдо тло, така што уништувањето беше помало“.

Тој исто така додаде дека се надева оти во иднина ќе се градат згради на соодветно земјиште и дека со зонирањето што го даваат градските власти за градба во иднина ќе се избегне поделба на мекото земјиште и негово претворање во градежни зони кои се 9-10 пати поевтини.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет