Утрински Весник
Македонија

154 казни за брзо возење

154 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (06.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 154 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа, 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Демократијата не е само гласање, предусловите ја детерминираат нејзината суштина

Зимски циклон со центар над Јонско море ни носи заладување, дожд, се некаде и снег

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов