Утрински Весник
Македонија

Противпожарни екипи од Тетово заминаа за Турција да помогнат во справувањето со последиците од земјотресот

Противпожарни екипи од Тетово заминаа за Турција да помогнат во справувањето со последиците од земјотресот
Ss2

Република Турција се соочува со вонредна ситуација поради земјотресот што погоди неколку градови на југоистокот на Турција.

dobivaj vesti na viber

Општина Тетово и Територијалната противпожарна единица во знак на солидарност и поддршка со турскиот народ во овие тешки денови и кои имаат потреба од пронаоѓање и спасување на луѓето кои останаа под урнатините како последица од вчерашниот земјотрес испратија специјализирана и лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди кон Турција.

300x250 (7)

„Во знак на солидарност и поддршка, група од 9 лиценцирани пожарникари за елементарни непогоди од Територијалната противпожарна единица Тетово, со противпожарна и опрема за пребарување и спасување заминаа за југоисточниот дел на Турција за да му помогнат на турскиот народ“, велат од општина Тетово.

И вчера градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами изрази солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што погоди делови од Турција.

„Во овие тешки моменти стоиме во солидарност со турскиот народ по разорниот земјотрес што ги погоди неколку градови на југоистокот на Турција. Сочувство за изгубените животи, додека на повредените им посакуваме брзо закрепнување!“, напиша Касами.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ