Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ова не е Морган Фримен, ова е моќта на дигиталната технологија

(Видео) Ова не е Морган Фримен, ова е моќта на дигиталната технологија
300x250 (7)

Човекот што се гледа на видеото подолу не е Морган Фримен. Всушност, тој не е ни човек, туку е производ на дипфејк-технологија, сосема ново ниво на дигитална манипулација што ги поместува границите на реалноста.

dobivaj vesti na viber

Видеото објавено од холандскиот канал DiepNep собра милиони прегледи на социјалните мрежи, а неговите автори на гледачите им посакаа добредојде во синтетичка реалност предводена од вештачка интелигенција.

300x250 (7)

Импресивната лажна снимка или ‘дипфејк’ ја произведе експертот за вештачка интелигенција Боб де Јонг, додека гласот на лажниот Фримен го позајми холандскиот гласовен актер Боет Шувинк.

Резултатот е исклучително реално видео кое ги брише границите помеѓу реалниот и дигиталниот свет.

Креаторите на видеото открија каков бил процесот на креирање во второ, посебно видео на кое се гледа гласовниот актер кој го имитира Фримен.

Поради неверојатната коинциденција во гласот на актерот, изгледот и мимиките на лицето, видеото е речиси невозможно да се детектира како производ на дигитална манипулација, а креаторите со ова покажуваат како во дигиталната ера станува полесно да се измамат луѓето и да се убедат во нешто што не постои.

‘Дипфејк’ технологијата (Deepfake), која подразбира дигитално уредување, монтирање и фотомонтирање снимки, е во брз развој и наскоро, веројатно нема да може да се препознае дали станува збор за вистинска или лажна видео-содржина.

Ss1

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци внимаваат само на сопствената корист, не се грижат за другите

Најдобри градови за пешаци – 24info.mk

Совет на психолозите: Ако сакате да бидете посреќни наутро, практикувајте ги овие три навики навечер