Утрински Весник
Свет

Медведев: Војната со Украина и Западот е нова патриотска војна

Медведев: Војната со Украина и Западот е нова патриотска војна
Img 5587

Заменик-претседателот на Советот за национална безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, конфликтот на Русија со Украина и Западот го нарече нова патриотска војна.

dobivaj vesti na viber

„Браво, на крајот на краиштата, овој Борел со безживотно лице се сети дека нашата земја ги победи Наполеон и Хитлер. Забележете дека аналогијата тој самиот ја нацртал. Украинските нацисти и Западна Европа се директни наследници на оние кои се бореле со Русија. Војна со нив е нова патриотска војна“ напиша Медведев денеска на каналот Телеграм.

Img 5587

Медведев напомена и дека Русија ќе победи во оваа војна, како што беше во 1812 и 1945 година.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неодамнешниот говор рече дека Русија е навикната да се бори до крај, споменувајќи ги нејзините победи над Наполеон и Хитлер и повикувајќи на вооружување на Украина.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина