Утрински Весник
Спорт

Јани Атанасов прави трансфер во Краковија

Јани Атанасов прави трансфер во Краковија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов го напушта Хајдук Сплит и прави трансфер во полскиот прволигаш Краковија. Хрватскиот клуб ќе добие отштета од 300.000 евра, а Атанасов ќе потпише договор на 3,5 години.

dobivaj vesti na viber

Краковија во моментот се наоѓа на средината на табелата во првенството на Полска. Клубот е на осмата позиција со 25 освоени бода.

Атанасов имаше понуди и од германскиот Карлсруе и од португалскиот Жил Висенте, но на крајот сепак ја одбра Краковија како своја следна дестинација во кариерата.

Фудбалерот за врска од 2020 година го носи дресот на Хајдук Сплит за кој одигра 51 натпревар и постигна четири гола.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија