Утрински Весник
Спорт

Лацио сака да го купи Бојан Миовски

Лацио сака да го купи Бојан Миовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски би можел од следната сезона да се пресели во Серија А и да го облече дресот на италијанскиот калчолигаш Лацио.

dobivaj vesti na viber

Тој има одлична сезона во Абердин, меѓу првите стрелци е во првенството на Шкотска, а тоа ги привлече големите европски клубови.

Како што тврди „Калчомеркато“, Лацио е подготвен да плати 2,5 милиони евра и да го доведе македонскиот напаѓач во Рим по завршувањето на оваа сезона. Спортскиот директор Игли Таре веќе ги има отпочнато преговорите со раководството на Абердин.

Покрај Лацио, за Миовски постои интерес и од два англиски клуба.

Можете да прочитате

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија