Утрински Весник
Свет

Ердоган и Путин разговараа за размена на ранети војници меѓу Русија и Украина

Ердоган и Путин разговараа за размена на ранети војници меѓу Русија и Украина

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, во денешниот разговор го покренаа прашањето за размена на заробеници меѓу Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Станува збор пред се за размена на ранетите, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Путин го свртел вниманието на „деструктивната линија на Киев, која се потпира на интензивирање на непријателствата со поддршка на западните спонзори“, кои, како што рече, го зголемуваат обемот на пренесено оружје и воена опрема.

Се додава дека пример за „лицемерната политика на Киев“ било отфрлањето на предлогот за прекин на огнот за време на православниот Божиќ, пренесува РИА Новости.

Шефовите на држави разговарале за напредокот во имплементацијата на договорот за житото, а разговарале и за Сирија, како и за развојот на соработката меѓу двете земји, вклучително и проектот за гасен центар.

Можете да прочитате

Ако останете без гориво или струја на автопат во Германија, ве чека голема казна

Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп