Утрински Весник
Свет

Кина успешно лансираше 14 сателити

Кина успешно лансираше 14 сателити

Кина денеска успешно лансираше 14 сателити за различни намени со помош на ракетата-носач „Long March 2D“ од центарот за лансирање Таијуан на северот на Кина, во провинцијата Шанкси, објави кинеската држава „CGTN“.

dobivaj vesti na viber

Ракетата беше лансирана во 11:14 часот по локално време и сите сателити влегоа во планираната орбита.

Соопштено е дека се лансирани сателитите за далечинско набљудување Cilu-2 и Cilu-3, кои ќе се користат за мониторинг во областа на земјоделството и шумарството, заштитата на животната средина, транспортот и превенцијата од катастрофи.

Ова беше 462-та мисија од серијата „Долг марш“ на разкети-носачи.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик