Утрински Весник
Македонија

Меџити од Битола: Не можеме да молчиме за нешто што не е на правиот пат

Меџити од Битола: Не можеме да молчиме за нешто што не е на правиот пат

Синоќа во Битола високите функционери на ДУИ се сретнаа со голем број граѓани и партиски структури на тамошниот огранок.

dobivaj vesti na viber

На средбата се зборуваше пред се за лошиот настап на извршната власт на ДУИ во Владата, притоа потенцирајќи го ниското ниво на капитални инвестиции, образованието, екологијата, инфраструктурата и така натаму.

„ Половина од министрите се Албанци, додека 80 отсто од економските ресори се Албанци и кога ќе ја споредиме нивната работа излегува симболична, ситна работа, многу власт и ниту малку работа, многу слики и многу пофалби а ниту малку блиску до народот“, рече потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити. Тој понатаму нагласи дека не можеме да молчиме за нешто што не е на правиот пат.

„Зошто толку власт, а ние уште треба да зборуваме за Куќата на Албанската Азбука која сè уште има проблеми со струјата и други проблеми“, истакна Меџити.

Пред присутните говореше и пратеникот Кастриот Реџепи кој го изрази своето задоволство и важност што оваа средба се одржува во Битола.

„ Важно е што втората средба се одржува во Битола и да покажеме една симболика кон помалите населени места со Албанци во земјава, кои можеби некои структури ги пресметуваат калкулативно врз основа на бројот на гласачите, но многу е важно да сме во близина на едно населено место како Битола“, рече тој.

Блерим Беџети, организациониот секретар на ДУИ, рече дека тоталното исклучување на извршната власт од структурите, на министрите од партиските бази, од граѓаните, од каде што потекнува легитимитетот, дошло до ваква состојба што и во мерењата на јавното мислење, а и во внатрешните дебати да не може да се смета на отчетност, а отчетноста е врв на демократијата.

„Ве повикувам да не поддржувате од ден на ден во сите облици на денешницата да направиме посилна ДУИ, потранспарентна ДУИ, одговорна ДУИ, ДУИ каде статусот ќе се почитува и ќе се дебатира во партиските тела и со овие принципи сите Албанци ќе добијат повеќе“, рече Беџети.

Во меѓувреме, Муса Џафери, претседател на Надзорниот одбор на ДУИ, потсети дека во областите каде што мнозинството се Албанците, се инвестира малку или нема воопшто инвестиции.

Додека Невзат Бејта, член на Централното претседателство, рече дека Артан Груби е штетен за Албанците, не само за ДУИ.

„Тој треба да ја спроведува програмата и да не прави поделби меѓу членовите, велејќи дека овој е на овој и тој е на тој. Сите сме ДУИ, сите сме околу Али Ахмети, рече Бејта.

Секретарот за родова рамноправност Саранда Имери потсети дека жените сочинуваат 50 отсто од гласачкото тело во Северна Македонија и дека тие се главниот столб и дека жените треба да го кренат својот глас, за да ја добијат заслужената позиција на централно ниво. Членот на Централното Претседателство Висар Ганиу пак рече дека кој ќе го заборави Битола ги заборава и своите корени.

Пред една недела гореспоменатите функционери ја презентираа анализата на работата на извршната власт во Студеничане во Скопје.

Можете да прочитате

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј