Утрински Весник
Македонија

Запленети над 6000 парчиња пиротехнички средства во Ресен, лишено oд слобода едно лице

Запленети над 6000 парчиња пиротехнички средства во  Ресен, лишено oд слобода едно лице

Полицијата заплени над 6000 парчиња пиротехнички средства во Ресен, при што беше лишено oд слобода и едно лице.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираат дека вчера полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост.

При претресите пронајдени се 6064 парчиња разновидни пиротехнички средства,а исто така пронајдени и одземени се повеќе пакувања тутун.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тошковски: Се постапува по случаи со дивоградби – резултатите ќе бидат видливи наскоро

Николоски: Го изградивме експресниот пат Градско – Фариш

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани