Утрински Весник
Свет

Евтин пирсинг предизвикал инфекција кај 20-годишна девојка

Евтин пирсинг предизвикал инфекција кај 20-годишна девојка

20-годишна девојка починала откако евтин пирсинг предизвикал инфекција. Лекарите се обиделе да ја спасат, но залудно, бидејќи инфекцијата се проширила на мозокот.

dobivaj vesti na viber

Андреса Суза (20) отишла во неименуван салон за пирсинг на југот на Бразил, а пред два месеци ставила обетка на долната усна. Но набрзо почнале проблемите, изјавила нејзината мајка Марија.

Платила околу десет долари за да и ја прободат усната, но набрзо добила инфекција. „Нејзината усна отече и поцрвене, а таа разви треска и силни главоболки“, рекла нејзината мајка.

Бидејќи семејството живее во дел од Бразил, склон кон денга треска, прво помислиле дека Андреса се разболела од болеста и ја однеле на лекар. Кога Андреса била прегледана, веднаш била сместена на интензивна нега, изјавила нејзината мајка.

Пирсингот повеќе не можеше да се отстрани, а Андреса веќе не можеше да зборува или да ја движи устата.

Утврдено е дека девојчето има тешка инфекција која се проширила низ крвотокот до мозокот и зафатила 37 отсто од најважниот орган во целото тело. Беше оперирана, но предоцна, и помина еден месец на интензивна нега. Таа почина на 9 јули.

Дури и да преживеала, веројатно ќе била во вегетативна состојба поради оштетување на мозокот“, изјавила мајката со скршено срце за бразилските медиуми.

Можете да прочитате

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани