Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за лажно пријавување

Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки. М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата.

Можете да прочитате

Претежно сончево претпладне, попладне облачно со краткотрајни врнежи од дожд

Борисов: Мицкоски го повикувам да престане да зборува, завршија изборите !

Укината пресудата на докторот за пожарот во ковид-болница во Тетово