Утрински Весник
Спорт

Барди во јануари ќе го напушти Трабзон

Барди во јануари ќе го напушти Трабзон

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, во зимскиот преоден рок ќе го напушти Трабзон. Според турските медиуми Барди не се наоѓа во плановите на тренерот Абдула Авчи за вториот дел од сезоната.

dobivaj vesti na viber

Трабзон минатата сезона, по пауза од 39 години, ја освои шампионската титула во Турција, поради што клубот со големи амбиции влезе во новата сезона. Авчи донесе неколку нови играчи (Барди, Бартра, Трезеге, Макси Гомез…) со цел клубот да се пласира во фазата по групи во Лигата на шампиони. Не само што оваа цел Авчи не ја оствари, туку тој со неговиот тим, не успеа да се пласира ниту во нокаут фазата во Лига Европа.

Трабзон во вториот дел од сезоната ќе игра во Конференциската лига, што е далеку од клупските амбиции.
Покрај неуспешниот настап во Европа, Трабзон лошо игра и во домашното првенство.

Барди ќе биде жртва не на лошите резултати, туку на високата плата што ја има. На почетокот на сезоната, кога од Леванте пристигна во Трабзон, Барди потпиша три годишен договор, за плата од 1.200.000 евра по сезона.

Барди за Трабзон во есенскиот дел од сезоната одигра 19 натпревари, постигна четири гола.

Можете да прочитате

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата