Утрински Весник
Македонија

Повторно закани за бомби во скопските училишта

Евакуирани пет средни училишта во Скопје поради дојава за бомба

Поради закана за поставена бомба и утрово наставата е прекината во девет скопски средни училишта. Учениците се евакуирани, а на терен е единицата за антитероризам на МВР.

dobivaj vesti na viber

„Денеска околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Сите досегашни дојави за бомби МВР по деталните проверки на школите утврди дека се лажни. Завчера пак, за лажни дојави за бомби полицијата уапси малолетник од Скопје кој ќе одговара за тероризам оти инспириран од претходните дојави за бомби, испратил електронска пошта до четири средни училишта со закана за бомба.

Можете да прочитате

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал