Утрински Весник
Македонија

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и мо-жат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Можете да прочитате

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Стојановска со остра реакција кон Трендафилов: “ВОЛКОТ ВО ЈАГНЕШКА КОЖА”

Сообраќајот во земјава се одвива по влажни коловози