Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е праведноста.

dobivaj vesti na viber

Реформата на даночниот систем не предвидува нови даноци, не предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува 10 отсто и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 % и не се зголемува и каматите на депозите на штедните влогови нема да се оданочуваат.

Новина е дека од 1 јануари 2023 година нема да се применува прогресивното оданочување, односно се укинува концептот на прогресивно оданочување и ќе продолжи да се применува оданочувањето со единствена стапка од 10 отсто.

Една од мерките што ќе продолжи да се применува на барање на бизнис заедницата, е ослободувањето на реинвестираната добивка.

Во Законот за ДДВ останува основната стапка од 18 проценти која е најниска во регионот, и двете повластени од 5 проценти и 10 проценти, кои, исто така, се најниски. Она што ќе се ревидира е листата на производи кои се луксузни и кои ќе се оданочуваат со втората повластена стапка.

Во однос на хонорарците низ дебата се дефинираа насоките за создавање модел на кој ќе се работи во наредниот период и ќе овозможи на доброволна основа да плаќаат придонеси, со што им се обезбедува здравствено и пензиско осигурување.

Со концептот се останува на определбата за поддршка на спортот и лицата со посебни потреби. Односно со концептот се воведува нов начин на донации за спортот, а вработените лица со посебни потреби и понатаму остануваат ослободени од данок на личен доход.

Приоритет на даночната реформа е поголема праведност во оданочувањето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плати својот праведен удел од данокот.

Даночната реформа воведува даночен систем кој ќе биде предвидлив, транспрентен, едноставен и стабилен и ќе создаде здрава основа на сите политики во државата.

Можете да прочитате

СДСМ: После толку лаги, Мицкоски треба да им се извини на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на опстојување на оваа власт се плаќа со човечки животи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува општините, Радовиш е нова на листата