Утрински Весник
Македонија

Петровска во Кремс на состанок на министри за одбрана во Грац

Петровска во Кремс на состанок на министри за одбрана во Грац

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска и утре во Кремс, Австрија ќе учествува на состанокот на министри за одбрана земјите од форматот Грац – Австрија, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, како и на состанокот на земјите – членки на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западниот Балкан, чија цел е засилување меѓусебната соработка во доменот на одбраната.

dobivaj vesti na viber

Во Австрија, министерката Петровска денеска ќе има и средба со австриската министерка за одбрана Калудија Танер на која ќе стане збор за безбедносните предизвици на континентот, како и начините за развој на одбранбената соработка помеѓу двете земји.

Соработката во форматот Грац е иницирана од Австрија во 2018-та година, како начин за засилување на безбедносната соработка со земјите од Западниот Балкан, за што беше потпишана и Заедничка декларација. Овој формат има за цел да овозможи поинтензивен дијалог и соработка во справувањето со современите предизвици како миграцијата, хибридните закани, потоа учеството во операциите на Европската Унија, градењето на капацитети и приближувањето на регионот кон Европската Унија.

Централноевропската одбранбена соработка е формирана во 2010 година, а нејзини членки се седум држави: Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија, Хрватска и Полска како земја – набљудувач. Северна Македонија активно соработува со оваа иницијатива од 2016 година, а главната цел е зајакнување на регионалната безбедност и споделување на одбранбените способности.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!