Утрински Весник
Спорт

Филкруг пред трансфер во Баерн Минхен

Филкруг пред трансфер во Баерн Минхен
Dik 300x250 mk

Новопечениот репрезентативец на Германија, Никлас Филкруг, по враќањето од најголемото натпреварување во криерата би можел да го смени клубот.

dobivaj vesti na viber

29-годишниот напаѓач на Вердер Бремен, се прослави со израмнувачкиот гол против Шпанија, Дуелот со „црвената фурија“ беше трет за Филкруг во националниот тим.

Филкруг со својот гол ја остави Германија во трката за пласман во осминафиналето. Според германските медиуми, бајката на Филкруг нема да заврши во Катар, туку ќе продолжи и по СП:

Најславниот германски клуб Баерн Минхен покажал интерес за напаѓачот на Вердер Бремен, кој е во потрага по напаѓач откако Роберт Левандовски го напушти клубот.

Вердер се наоѓа во финансиска криза, па се проценува дека клубот би можел да го пушти за отштета помала од 10.000.000 евра.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата