Утрински Весник
Спорт

Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Португалците најдоа начин да ја победат Гана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Португалија го отвори мундијалот со триумф од 3:2 против Гана и се наоѓа на првото место во групата, каде што претходно Јужна Кореја и Уругвај одиграа без голови.

dobivaj vesti na viber

Еден час беше здодевно, но потоа се отвори мечот. Кристијано Роналдо изнуди и реализира пенал во 65. минута, но Андре Ајев израмни осум минути подоцна.

Сепак, радоста на Гана траеше многу кратко. Жоао Феликс во 78. минута ја врати предноста за Португалија, а Рафаел Леао две минути подоцна зголеми на 3:1.

Но, и тоа не беше сѐ. Осман Букари со голот во 89. минута даде надеж дека Гана може да избегне пораз. Сепак, немаше доволно време за да сторат нешто повеќе.

Можете да прочитате

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех