Утрински Весник
Македонија

Британската амбасада го одбележа платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, „Акалоид“ дел од иницијативата „Засади дрво“

Британската амбасада го одбележа платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, „Акалоид“ дел од иницијативата „Засади дрво“

Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие „Национални шуми“ и бизнис-заедницата ќе помогне во засадувањето 13.000 садници за пошумување 5 хектари земјиште со внимателно избрани видови автохтони дрвја од овој регион, информира Амбасадата на Велика Британија преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„На почетокот на оваа година британската амбасада во Скопје поведе иницијатива ‘Засади дрво за јубилејот’ за да се одбележи 70. платинест јубилеј на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора. Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании, да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување дрво и британската амбасада во Скопје ја почна иницијативата за засадување дрвја во Северна Македонија. Засадивме повеќе од 70 дрвја во дворот на Кабинетот на претседателот, во дворовите на училишта, градинките и во општините. Локалните бизнис-компании што ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување“, се вели во соопштението.

Амбасадорот Метју Лосон изјави: „Бизнис-заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП „Национални шуми“, како и на бизнис-заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Северна Македонија во кои најмногу е потребно. Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степен и приспособување на климатските влијанија. Би сакал да им се заблагодарам на „Алкалоид“, Kuehne Nagel, Шпаркасе банка, НЛБ банка, „Универзал груп“, Британската детска академија, „Квенбергер логистик“ и „Дени интернационал“ за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес.

Можете да прочитате

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово