Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Балканците се европејци, ЕУ да направи план со временска рамка за следно проширување

Маричиќ: Балканците се европејци, ЕУ да направи план со временска рамка за следно проширување
300x250 (7)

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, одржа предавање на „Колеџот на Европа“ во Бриж, каде пред студентите посочи дека за задржување на мирот и стабилноста на Балканот потребен е јасен план за пристапување на регионот во Унијата.

dobivaj vesti na viber

„Затоа ние ја поставивме 2030 година како наша приоритетна цел за полноправно членство во ЕУ. Знам дека е неблагодарно да се говори за рокови и датуми, но мислам дека треба да имаме цел, но и европските институции и земјите членки треба да разберат дека имаме цел за да бидеме пофокусирани, помотивирани и поефикасни во спроведувањето на реформите“, рече Маричиќ.

Ss1

Објасни дека на Балканот има една генерална поделба, дали си балканец или европеец, а според него можеме да бидеме и балканци и европејци истовремено.

„Со тоа ќе ја вратиме и довербата на граѓаните во ЕУ и како што ни има покажано историјата, ако ЕУ се покаже како глобален играч на Балканот, ќе може да се покаже како глобален играч и на светско ниво, додаде Маричиќ.

Ректорката на „Колеџот на Европа“, Федерика Могерини кажа:„Овој пат сум и емотивна бидејќи со овие луѓе толку многу работевме заедно, поминавме заедно и радосни моменти и предизвици. Потпишавме со заеднички напори големи договори, како што е Договорот од Преспа“.

Маричиќ ги запозна студентите со патот кој земјава го помина од денот на поднесувањето на барањето за членство во ЕУ во 2004 година, зборувајќи за перспективите и предизвиците на пристапниот процес на Република Северна Македонија, но даде слика и за целиот регион на Западен Балкан.

„Мислам дека е добро да имаш една или повеќе партнерски земји со кои ќе се движиш напред. Има области во кои ние сме понапред, има области во кои тие се понапред, но тоа е нормално. Ако ги направиме неопходните уставни измени догодина, ќе продолжиме напред заеднички. Би се одвоиле само доколку не ги направиме уставните измени, а тогаш ние би назадувале“, кажа Маричиќ, изразувајќи уверување дека ќе продолжиме заеднички понатаму, но во случај да не се случи тоа секако, Северна Македонија нема никогаш да лобира против некоја соседна земја.

Ss1

Можете да прочитате

АСО: Неоправдано е зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата