Утрински Весник
Свет

Володин: Инцидентот со падот на ракетата во Полска – почеток на крајот на НАТО

Володин: Инцидентот со падот на ракетата во Полска – почеток на крајот на НАТО

Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин изјави дека инцидентот со падот на ракетата во Полска уште еднаш на целиот свет му го покажал неуспехот на НАТО, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

„Киевскиот режим трипати го докажа неуспехот на НАТО. Првиот пат романски ловец беше соборен над Црното Море. Вториот пат, кога стар дрон, направен уште во времето на Советскиот Сојуз, прелета над територијата на три земји на НАТО носејќи бомба, а сега еве го третото. Замислете што ќе се случи ако украинскиот лидер Володимир Зеленски има нуклеарно оружје“, напиша Володин на „Телеграм“.

Медиумите потсетуваат на изјавата на секретарот на НАТО Јенс Столтенберг кој потврди дека прелиминарните информации за инцидентот во Полска сведочат дека граничната територија на таа земја била погодена од проектили истрелани од украинските системи за противвоздушна одбрана.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk