Утрински Весник
Свет

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Џонсон за еден говор во САД заработи повеќе од 300 илјади долари

Напуштањето на шефот на британската влада беше голем политички пораз за него, но нема криза за неговата банкарска сметка, пренесува „Франс прес“.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон доби повеќе од 325.000 долари за само еден говор на состанокот на американската осигурителна индустрија, покажуваат новите податоци за приходите на британските пратеници.

Кога стана британски премиер во 2019 година, Џонсон мораше да се откаже од пишувањето написи во весници и да држи говори на различни собири.

Откако беше отпуштен во септември, Џонсон ја искористи својата новооткриена слобода за да одржи говор на состанокот на Советот на осигурителни агенти и брокери во Колорадо Спрингс на 14 октомври, за што беше платен 325.150 долари. За да го одржи овој говор, тој го скрати одморот на Карибите.

Записите во регистарот на приходи на британските пратеници покажуваат дека Џонсон, неговата сопруга и двете мали деца имале статус на гости во луксузната зона на аеродромот „Гетвик“ на 7 октомври, но и дека се вратиле на 22 октомври.

И покрај тоа, сменетиот премиер некои работи ги прави бесплатно, па без паричен надомест е регистриран како претседател на „Конзервативни пријатели на Украина“.

Можете да прочитате

Девет лица го загубија животот, а 26 се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

Зеленски: Нападот врз Киев е најтежок од почетокот на војната, Русија употреби повеќе од 440 дронови

Двегодишно дете од Бразил со пиштол ја застрелало својата мајка