Утрински Весник
Спорт

Садио Мане, сепак, го пропушта Светското првенство

Садио Мане, сепак, го пропушта Светското првенство

Сенегалската репрезентација на Светското првенство во Катар останува без својата прва ѕвезда, откако потврдија дека Садио Мане не заздрави на време за да биде дел од тимот на „Лавовите од Теранга“.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот на Баерн Минхен се повреди при 6:1 победата над Вердер овој месец, добивајќи удар во коленото, и Баерн Минхен тврдеа дека тој не може да биде подготвен за Мундијалот, но Сенегал го пријави меѓу 26-те фудбалери.

Иако селекторот Алиу Сисе се надеваше дека тој ќе пропушти само еден натпревар, од Сенегалската фудбалска федерација потврдија дека по дополнителните тестови се утврди дека тој мора да оди на операција на коленото.

Сенегал на Мундијалот пристигнува како актуелен шампион од Африканскиот куп на нации, откако тимот предводен од Мане во финалето го совлада Египет на пенали.

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка