Утрински Весник
Македонија

Владата финансиски ќе поддржи авиокомпаниите што ќе воведат нови дестинации

Владата финансиски ќе поддржи авиокомпаниите што ќе воведат нови дестинации
Dik 300x250 mk

Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2023 до 2025 година и воедно ја донесе.

dobivaj vesti na viber

Донесена е и уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација што треба да се достави од страна на корисниците на финансиската поддршка.

Во согласност со овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпаниите што ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните.

„Овозможувањето патувања до дополнителни одредишта во Европа и во светот ќе значи и отворени можности за економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис-секторот од нашата држава и од други држави“, велат од Владата.

 

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош