Утрински Весник
Спорт

Мичел им пресуди на Лејкерси

Мичел им пресуди на Лејкерси

Кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа нов пораз. „Езерџиите“ загубија од Кливленд со 100:114. Лејкерси со скор 2-8 се претпоследни на Западот, додека Кливленд по осмата победа во низа, со скор 8-1 се втори на Истокот.
Лејкерси добро го отворија натпреварот, предводени од Расел Вестбрук ја добија првата четвртина, ја одржуваа предноста и во вториот период, но не успеаја да го задржат ритамот и во второто полувреме.

dobivaj vesti na viber

Кливленд го предводеше Донован Мичел со 33 поени, пет скока и две асистенции. Дариус Гарланд додаде 24 поени, седум асистенции и четири скока, додека Џерет Ален имаше дабл-дабл со 16 поени и 11 скока.

На спротивната страна се истакнаа Леброн Џејмс со 27 поени, седум скока и четири асистенции, Ентони Дејвис покрај 19 поени имаше и 12 скока, ист број на поени со 10 асистенции имаше Расел Вестбрук.

Резултати:

Мемфис-Вашингтон 103:97
Торонто-Чикаго 113:104
Јута-ЛА Клиперс 110:102

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко