Утрински Весник
Македонија

Oдземено злато без соодветен жиг во акциска контрола во Битола

Вработени во јавно претпријатие се тепале на паркинг

Вчера во периодот од 11.30 до 15.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, како и Секторот за економски криминал и корупција при МВР спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола.

dobivaj vesti na viber

При контролата, од страна на УЈП се констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања, а од страна на Државниот пазарен инспекторат се пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од вкупно четири правни субјекти. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

СДСМ: Призна Мицкоски, призна Муцунски, призна Гордана Сиљановска – сега е ред да се извинат на народот за сите лаги

Левица: ЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски

Сабота 16 мај 2026: Циклон од Џенова ни носи многу врнежи и невреме