Утрински Весник
Македонија

Јаулески: Ќе поднесеме Закон за субвенциониран студентски оброк за зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари

Јаулески: Ќе поднесеме Закон за субвенциониран студентски оброк за зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари

Денес до Собранието ќе поднесеме Закон за субвенциониран студентски оброк со кој бараме зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари и исплата на средствата по истиот принцип како и минатата година, информира Јован Јаулески, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Студентите нема да земат финансиски средства за субвенциониран студентски оброк овој месец затоа што владеачкото мнозинство лани брзаше со законските измени и донесе конфузни решенија кои оставаат правна празнина и неможност на Министерството за образование и наука да исплати средства. Ја повикуваме власта да го прифати нашиот предлог закон и веднаш да им се помогне финансиски на студентите со цел зачувување на и онака кревкиот студентски стандард“, додаде Јаулески.

Освен студентите, вели тој и средношколците треба да добијат соодветна финансиска поддршка и за нив се бараат по 3 000 денари месечно во периодот додека трае кризната состојба т.е. до 30ти април 2023 година.

„Владата мора да скрати од своите луксузирања за да им покаже на младите т.е. иднината на државата дека мисли на нив. Без младина, нема иднина. Состојбите со кои се соочуваат студентите се загрижувачки. Кај нас власта гледа да скрати, а во бројни европски земји се даваат дополнителни средства за студентите. Токму затоа преку Клубот за младински прашања и политики ќе иницирам одржување на јавна расправа на која ќе бидат поканети релевантните институции, но и претставниците на студентите. Мора да најдеме одржливи решенија за проблемите со кои се соочуваат студентите“, појасни Јаулески.

Оваа власт, како што рече, ветуваше повисок студентски стандард, ветуваше поквалитетно образование, а ги излажа студентите. „Еве можност, не само преку декларативни заложби, туку со прифаќање на ова предлог законско решение да покажат дека барем малку мислат на студентите“, потенцира Јаулески.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје