Утрински Весник
Македонија

Регистрирани се 71 нови позитивни случаи на ковид 19, нема пријавено починати лица

Регистрирани се 71 нови позитивни случаи на ковид 19, нема пријавено починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 28.10 до 30.10.2022) направени се 819 тестови, а регистрирани се 71 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 47, Прилеп – 9, Охрид – 3, Битола и Кичево – по 2, Куманово, Струмица, Штип, Кочани, Гевгелија, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 1.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број на позитивни (71), регистрирани се 10 реинфекции.

Регистрирани сe 86 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Прилеп – 9, Битола – 8, Штип – 2, Куманово, Кавадарци, Неготино и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (28.10 – 30.10.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.183.292 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.146, бројот на оздравени пациенти е 334.335, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 247.

Можете да прочитате

Тошковски: Три лица повикани на информативен разговор по пожарот во Трубарево

И по цел ден борба, големиот пожар во Трубарево се уште активен – најавена прес-конференција на МВР

Стоп за Вардариште најавува протест уште од 7:30 часот наутро