Утрински Весник
Спорт

Конте: Ако бевме голем клуб дали ќе го поништеа голот?

Конте: Ако бевме голем клуб дали ќе го поништеа голот?

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, одржа кратка прес конференција по натпреварот со Спортинг (1:1) во 5. коло од Лигата на шампионите. Конте револтиран ја напушти прес салата поради поништениот гол на Хари Кејн.
Кејн постигна гол во 96. минута за 2:2, но ВАР го поништи голот, поради милиметарски офсајд.

dobivaj vesti na viber

„Навистина би сакал да видам дали ВАР ќе биде толку храбар да донесе ваква одлука против некој од големите клубови. Ова не беше вистинската одлука. Топката беше пред Кејн. Жал ми е, но навистина сум лут, затоа што понекогаш не можеш да прифатиш такви одлуки бидејќи не гледаш правичност во нив. Кога јас не го гледам тоа, тогаш се лутам“, изјави Конте по натпреварот.



Тотенхем се уште не да обезбеди пласман во осмина-финалето, тоа ќе мора да го направи во Марсеј против Олимпик на 1. ноември.

„Штетата може да биде голема, мораме да го почекаме последниот натпревар против Марсеј. Се надевам дека нашиот клуб ќе разбере колкава штета ни е нанесена и ќе реагира на вистински начин и ќе разговара со луѓето со кои треба да разговара. Не треба само менаџерот да зборува, мора и клубот да биде силен. Ако испаднеме, навистина ме интересира што ќе кажат“, налутено изјави Италијанецот.

Англискиот тим има осум бода, Спортинг и Ајнтрахт по седум, а Марсеј шест.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина