Утрински Весник
Македонија

Во дискотеката било мирно, диџејот не забележал дека Тот се расправал или тепал со обвинетите

Во случајот за Тот сведочеше девојката што повикала брза помош: Видов како го шутира

Диџејот Здравко Теодоров, кој вечерта кога се случило претепувањето на ракометарот Денис Тот пуштал музика во диското, рече дека внатре немало нарушување на јавниот ред и мир. За настанот дознал од медиумите. Тој рече дека дискотеката „Привилиџ“ има свое обезбедување. Опиша што се случувало критичната вечер.

dobivaj vesti na viber

„Јас за настанот дознав во петокот кога објавија медиумите. Таа вечер пуштав музика во дискотеката. Не го видов тој настан. Во дискотеката не забележав нарушување на јавниот ред и мир, од пултот каде што се пушта музика има целосна прегледност. Оваа дискотека завршува со работа во зависност од тоа колку луѓе има внатре. И да биде полно, во 4 часот наутро завршуваме. Кога има помалку луѓе, кога ќе си отиде последниот, затвораме. Јас од дискотеката си отидов околу 2.30 часот критичниот ден. Не знам кога точно се затворила. Пред дискотеката вообичаено има обезбедување. Не можам да кажам дали и вечерта имало обезбедување. Ако забавата завршила, немало луѓе внатре, обезбедувањето си отишло“, изјави Теодоров.

На 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, обвинетите заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот, тврди скопското Обвинителство. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди, од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал.

Од дружба и пиење во диското до смртоносни боксови и клоци. Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничените за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и ред бул, немало расправии, ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле триесетина минути по полноќ, а излегле околу 3.30 часот по полноќ.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа