Утрински Весник
Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% % во однос на одлуката од 12.10.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,886 ден/кг.

Од 18.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 103,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 51,034 (денари/килограм)

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ