Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза

Нуредини: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза

Во рамки на престојот во Истанбул и учеството на Регионалната конферeнција за перспективите за чиста енергија, министерот Нуредини оствари интензивни билатерални средби чиј фокус беше на предизвиците од глобалната енергетска криза, можностите за надминување и ориентираност кон чисти енергии, информираат од неговиот кабинет.

dobivaj vesti na viber

На средбата со Метју Балдвин заменик генерален директор од Генералниот директорат за енергија на ЕУ двете страни ги презентираа активностите што се преземаат за справување со енергетската криза, како и можностите за олеснување на финансискиот товар од високите сметки на струјата врз крајните корисници – стопанствениците и индивидуалните домаќинства, преку субвенции од страна на централниот буџет. Се разговараше и за можностите за помош од страна на ЕУ во обезбедување на гас од различни извори, особено за градот Скопје. При тоа, интерконекторот со Грција е оценет како мошне важен не само за нашата држава, туку и за целиот регион. Министерот Нуредни и заменикот генерален директор Балдвин се согласија дека постои зголемен интерес на инвеститори кон обновливи извори.

Министерот Нуредини оствари средба со Алпарслан Бајрактар заменик министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, на која посебен беше акцент ставен на можноста за поддршка на Турција како држава транзитор на гас за Европскиот континент во обезбедување на гас и за РСМ во случај на потреба.

Со Гжегож Зиелински директор на ЕБРД, раководител на енергетска Европа Нуредни разговараше за тековните проекти што се реализираат во државата со поддршка на Европската банка за обнова и развој како и за идни можни соработки.

Конструктивни разговори за начините на управување со енергетската криза и надминувањето на предизвиците преку подобрена регионална соработка Нуредини водеше и со Џорџ Сергиу Никулеску, државен секретар во Министерство за енергетика на Романија.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите